| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за аналогна фотографија во културниот центар „Кула“

За учество во работилницата не е потребно претходно искуство во оваа област. Ментори се Сашо. Н. Алушевски, Наташа Неделкова, Амир Карахасан

Културниот центар „Кула“ објави повик за учество во работилница за аналогна фотографија. Повикот е отворен за сите што веќе имаат познавање или би сакале да се запознаат со техниките на изработка на аналогна фотографија.

Работилницата ќе се одвива од 19 (четврток) до 24 (вторник) ноември.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на кратко мотивационо писмо, пополнета апликација (http://ku-la.org/workshops/aplikacija- za-analogna-fotografija-kula.docx) заедно со три сопствени фотографии (дигитални или аналогни) кои најдобро го преставувуваат досегашниот стил на работа. За учество во работилницата задолжително е сите учесници да поседуваат аналоген фотоапарат (35мм). „Кула“ ги обезбедува сите останати материјали за работа.

unnamed (1)

За учество во работилницата не е потребно претходно искуство во оваа област. Ментори се Сашо. Н. Алушевски, Наташа Неделкова, Амир Карахасан.

Бројот на учесници во работилницата е ограничен.

Работилницата е подржана од Холандската Амбасада во Скопје.

Повеќе информации на workshop@ku-la.org или на 078 632 123

Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност да се запознаат со сите етапи кои се дел од процесот на изработка на аналогна фотографија. Работата на учесниците ќе се одвива во два термини и групи кои претходно ќе бидат утврдени првиот ден од работилницата, 19.11.2015 (четврток).

unnamed (2)

По завршувањето на работилницата ќе следува изложба со фотографиите кои учесниците ќе ги направат за време на работилницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top