Секторот за внатрешни работи – Струмица, по добиени разузнавачки информации превзеде сеопфатни плански мерки и активности и на 10.11.2015 година по наредба на судија на претходна постапка изврши претрес во домот на лицето Н.С (24) од с.Петралинци а на 11.11.2015 година по наредба на судија на претходна постапка изврши претрес во домот и помошните простории на две лица И.Г(31) и М.Н(35) од с.Сачево.
Од превземените истражни дејствија, запленета е опојна дрога марихуана во количина околу 4 килограми.
Пронајдената опојна дрога ќе биде доставена на вештачење во Оддел за кримниналистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ., по добиеното вештачење, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.