По објавувањето на веста дека Јохан Тарчуловски се враќа, вчера жителите на селото Љубанци организирале голема прослава, која траела во текот на целата ноќ. Освен неговите соселани, на прославата присуствувале и жители на соседните села.
И претпладнето во селото главна тема е враќањето на Јохан и неговиот пречек. На сретсело, каде што е поставен голем плакат од Јохан, беа собрани поголем дел од жителите на селото кои се организираа да го пречекаат на аеродромот „Александар Велики“ од каде што повторно ќе се вратат на големата прослава во селото.
Според информациите на селаните, Јохан пристигнува во Македонија утре. Во Германија е отидена само сопругата на Јохан, Соња.
Екипата на „Република“ денеска е во Љубанци. Наскоро видео и фотографии од атмосферата во селото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


