| четврток, 6 декември 2018 |

Марта Арсовска-Томовска – министерка за информатичко општество

 марта

Марта Арсовска – Томовска е новата министерка за информатичко општество и администрација. Таа досега ја извршуваше функцијата заменик-министерка во Министерството за информатичко општество и администрација.

Родена е на 1 март 1973 година во Скопје. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје, а во моментот подготвува магистерски труд на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

До 2011 година работи на раководни функции во Првиот интернет провајдер во Македонија и во „Ултра компјутер“. Учествувала во управувањето со систем-интеграторски проекти имплементирани во Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Царинската управа, Управата за јавни приходи…На нејзина иницијатива во 2004 година е реализиран проектот за бришење на Македонија од црните листи на небезбедни земји за интернет трговија и воспоставена е „Култура за интернет безбедност“. Била член и на експертската работна група за подготвување на стратегија за имплементација на FWA/WIMAX електронски мрежи во Македонија.

Од 2011 година е назначена за заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Од јануари 2013 година е член на Големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември годинава е и неизвршен член во бордот на директори на World Summit Awards.

Добитник е на различни признанија, а била избрана и за топ 10 менаџерки на годината.

Одлично ги познава англискиот и јужнословенките јазици, а делумно говори француски и руски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top