Марта Арсовска – Томовска е новата министерка за информатичко општество и администрација. Таа досега ја извршуваше функцијата заменик-министерка во Министерството за информатичко општество и администрација.
Родена е на 1 март 1973 година во Скопје. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје, а во моментот подготвува магистерски труд на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
До 2011 година работи на раководни функции во Првиот интернет провајдер во Македонија и во „Ултра компјутер“. Учествувала во управувањето со систем-интеграторски проекти имплементирани во Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Царинската управа, Управата за јавни приходи…На нејзина иницијатива во 2004 година е реализиран проектот за бришење на Македонија од црните листи на небезбедни земји за интернет трговија и воспоставена е „Култура за интернет безбедност“. Била член и на експертската работна група за подготвување на стратегија за имплементација на FWA/WIMAX електронски мрежи во Македонија.
Од 2011 година е назначена за заменик-министер за информатичко општество и администрација.
Од јануари 2013 година е член на Големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември годинава е и неизвршен член во бордот на директори на World Summit Awards.
Добитник е на различни признанија, а била избрана и за топ 10 менаџерки на годината.
Одлично ги познава англискиот и јужнословенките јазици, а делумно говори француски и руски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ердоган си го постави зетот за министер
-
По земјотресот во Мексико се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви
-
Министерот во живо не можеше да ги запре солзите додека раскажуваше за атентатот на Ивановиќ (видео)
-
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто утре во посета на Македонија