| четврток, 6 декември 2018 |

Германското разузнавање шпионирало и свои дипломати

герман

Германската разузнавачка агенција БНД покрај низа странски претставници и организации, го прислушувала и германскиот дипломат Хансјорг Хабер, со што го прекршила федералниот Устав, јави дописникот на МИА од Берлин.

Радио станицата РББ тврди дека, според германскиот Устав, Хабер не смеел да биде прислушуван, освен ако БНД дозвола за тоа добила од т.н. Комисија Г10 на Ппарламентот, која е одговорна за мониторинг на активностите на разузнавачите.

Радиото објави дека БНД од 2012 година ги следела комуникациите на францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, а меѓу другите цели на службата биле и Меѓународниот кривичен суд, Светската здравствена органзиација, Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), американското Федерално истражно биро (ФБИ), како и американското радио Гласот на Америка.

До крајот на денот Комитетот при долнот дом на германскиот парламент, Бундестаг, треба да објави прелиминарни сознанија за скандалот со прислушување, вклучувајќи и информации за прислушување на голем број германски граѓани и институции од страна на странски разузнавачки агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top