Повратникот во репрезентацијата на Македонија офанзивниот фудбалер и член на Легија Варшава Иван Тричковски со позитивни зборови ја опиша атмосферата во тимот и новите тактики кои ги спроведува новиот селектор Ангеловски околку офанзивниот пристап. Тричковски дефинитивно може и тоа како да даде во офанзивата на тимот.
Тој го потенцираше и значењето на враќањето во репрезентацијата на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
– Сега кога означуваме некој нов почеток за репрезентацијата, како старт на едногодишна подготовка за новиот квалификациски циклус, би сакал да го поздравам враќањето на Горан Пандев во репрезентацијата. Јасно е од колкаво значење е за репрезентацијата и за македонскиот фудбал неговото присуство – вели Тричковски
– Сите посакуваме утрешниот натпревар против Црна Гора, прв на чело со новиот селектор, да го завршиме со позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера, па потпирајќи се и на тоа ќе се обидеме да дојдеме до победа. Среќен сум што селекторот очигледно ќе форсира офанзивен фудбал. Треба да играме на гол повеќе од противникот и тоа треба да биде наша слика во иднина – дополни популарниот „Тричко“
Македонија утре од 18 часот на аранета „Филип Втори“ го игра пријателскиот натпревар со Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работнички во третото коло може да се сретне со Тричковски и Мојсов
-
Нема одмор за Раул, уште не се израдува како што треба, а веќе се насочи кон репрезентацијата
-
Тричковски: Сите посакуваме мечот со Лихтенштајн да биде почеток на добри резултати
-
Селекторот Ангеловски го објави списокот, деби за Ејупи и враќање на Тричковски во составот