Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Црна Гора што ќе се одигра на Арената „Филип Втори“ новиот селектор на македонската репрезентација кој своето „крштевање“ на клупата ќе го има против реномиран противник истакна дека е повеќе од задоволен од тоа што противникот доаѓа во најсилен состав.
– Драго ми е што Црна Гора доаѓа во најсилен состав, па ќе може да ги одмериме силите со една квалитетна репрезентација. Ги почитуваме максимално, но ние ќе биде концентрирани на нашиот нов стил на игра кој уште од сега сакам да го наметнам кај репрезентативците. А, тоа е многу поофанзивна и похрабра игра – истакна на прес-конференцијата пред средбата Ангеловски.
Селекторот Ангеловски го објасни списокот на 16 репрезентативци со податокот дека во репрезентацијата може да играат само најдобрите фудбалери и оние кои редовно настапуваат во своите тимови.
– Единствено мерило за секого ќе биде зелениот терен и добрите игри во континуитет. Но, сега на само еден ден пред натпревар не би сакал да зборувам за имиња. Сега се фокусираме на оние кои се тука со нас и кои се најквалитетното во моментов. Сакам да создадеме компактна целина која што знае што сака… Да игра на гол повеќе од противникот. Самодовербата е многу важна. Јас верувам во овие момци и тоа многу, па мислам дека ќе биде важно и тие во иднина да веруваат во самите себе – вели Ангеловски.
Во пресрет на натпреварот со Црна Гора позитивната атмосфера што владее во националниот состав ја пренесе капитенот на репрезентацијата Ванче Шиков.
– Прво сакам да го поздравам враќањето на Горан Пандев во репрезентацијата. Со него ќе бидеме многу посилни, не само на играчки план. Имаме сега и нов селектор, па веднаш се чувствува и подобрување на атмосферата. Имаме една година добро да се подготвиме за новиот квалификациски циклус. Од она што може да го забележам од работата овие неколку денови, ми се допаѓа што ќе играме поофанзивен фудбал. Сигурен сум дека оваа селекција има потенцијал за многу поуспешни резултатски настапи од досегашните – истакна Шиков на средбата со медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)