Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске, призна дека кралската шпанска фудбалска федерација правела обиди да го убеди Лионел Меси да игра за Ла Роха. Тоа се случило уште во почетокот на кариерата на аргентинската ѕвезда на Барселона.
– Имаше таква опција, но Меси одлучи да остане верен на својата татковина и беше невозможно да биде обесхрабрен. Но тоа се случи навистина пред многу време, изјави Дел Боске во интервју за „Гардијан“.
– Никој не знае од каде може да се појави новиот Меси или Кристијано Роналдо. Може да е некој кој е роден тука или пак некој од семејствата кои доаѓаат во Европа во потрага по подобар живот, рече уште Дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.