| четврток, 6 декември 2018 |

Палестинците утврдиле кој го убил Јасер Арафат

­ Палестинската анкетна комисија, која ја истражуваше смртта на Јасер Арафат, го утврди извршителот на „убиството“, изјави нејзиниот шеф Тауфик Тирави и повторно го посочи Израел за одговорен за смртта на поранешниот лидер на Палестинците, пренесоа француските медиуми.

Yasser Arafat Conducts Friday Prayers

Тирави ова го кажа во предвечерието на 11­ годишнината од смртта на палестинскиот лидер.

Неодамна француските истражители, кои работеа на предметот за „убиството“ на Арафат на барање на неговата вдовица, одлучија да ја прекинат истрагата поради недостиг од доволно цврсти докази . ­

Анкетната комисија успеа да го утврди извршителот на убиството на покојниот претседател Јасер Арафат, изјави Тирави, но одби да даде повеќе информации за осомничениот или за текот на истрагата.

– Ќе биде неопходно уште малку време за да се изјаснат точните околности на убиството, додаде тој.

Но, сепак, прецизира дека Израел носи одговорност за ова убиство, што е истражувано од Палестинците уште од 2009 година.

Суха Арафат поднесе жалба против непознато лице, откако на облеката на покојниот сопруг беа најдени траги од радиоактивен полониум ­210.

Во 2012 година останките на Јасер Арафат беа ексхумирани за анализа на останките, што одделно беше спроведена од француски, руски и швајцарски експерти.

Според швајцарските експерти, нивните резултати „разумно ја поддржуваат хипотезата за труење“ со полониум, француските експерти заклучија дека Арафат не умрел од труење, а руските изјавија дека станува збор за „природна смрт“.

Многумина Палестинци го обвинуваат Израел дека го отрул Арафат, но еврејската држава тоа постојано го негира. На ехото за внатрепалестински борби за власт се зборува и за палестинска трага во смртта на покојниот лидер, посочуваат француските медиуми.

Во предвечерието на годишнината, движењето Хамас, кое е владејачка структура во Појасот Газа, вчера домот на Арафат и го предадоа на неговата партија Фатах за зградата да биде претворена во куќа музеј на култниот лидер, информираа американските медиуми.

На церемонијата присуствуваа претставници на сите палестински фракции.

Куќата стои затворена од 2007 година, откако исламистичкото движење Хамас ја презеде контролата врз Газа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top