Холивудската актерка Анџелина Џоли (40) изјавила дека и е мило што старее и не се плаши од тоа, затоа што во нејзиното семејство, сите жени умреле млади.
-Оваа година наполнив 40 години и сум многу среќна. Многу жени во моето семејство во своите 40-ти години почнаа да заболуваат и да умираат, а јас ќе бидам многу среќна ако наполнам 50 и 60 години, па дури и ако дочекам длабока старост”, рекла Џоли која пред две години направи дупла мастектомија, бидејќи и било потврдено дека има големи шанси да заболи од рак на дојка.
Мајката на Анџелина Џоли умре во 2007 година од рак на јајници во својата 56 -та година, додека нејзината баба умрела од истата болест на 45 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



