| четврток, 6 декември 2018 |

Сепак „13-ката“ на Металург ќе истрча на терен в четврток

Дресот со број 13 на Металург повторно ќе биде на теренот в четврток во рамките од Лигата на шампионите против Мотор.
По цели 12 години откако Миркуловски го напушти составот, овојпат ќе стои на грбот на новото засилување Словенецот Давид Шпилер кој потпиша за Металург пред десетина дена. Дилемата дали бројот кој целиот овој период беше заштитен знак на „иконата на клубот“ Филип Миркуловски, треба да го добие друг играч деновиве ја разбранува јавноста. На прашањето дали притисокот од јавноста ќе ја смени одлуката на клубот, тренерот Лино Червар нагласи дека тој не одлучува за тоа, но без разлика кој ја носи 13-та, за него Миркуловски секогаш ќе биде ценет играч и „дете на Металург“

– Исклучително го ценам Миркуловски кој е дете на Металург и жал ми е што не е со нас. Но, јас редовнио ги следам неговите настапи во Герамнија.Тој даде многу и благодарен сум му за се што даде за Металург. Жути беше една од најважните алки и во Металург и во репрезентацијата на Македонија и верувам дека ќе биде во строј за ЕП во Полска. За него можам да кажам само најдобро – рече Лино Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top