| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Лендл се враќа на тренерската професија

ivan-lendl_2097609a

Легендарниот тенисер, Иван Лендл, се враќа на тренерска професија. Роден во Чешка, поранешен број 1 тенисер на светската АТП листа на АТР, кој во својата професионална кариера има осум титули од Гренд слем, ќе работи со група од 15 и 16 годишни адолесценти на програмата за развој на таленти на тениското здружението на САД.
Лендл следната година 50 дена ќе ги тренира тинејџерите. Тој се приклучил на програмата заедно со поранешните американски тенисерки Марди Фиш и Џил Крејбас.
Последниот ангажман на 55 годишниот Лендл беше личен тренер на Енди Мареј, од јануари 2012 до март 2014 година, во кое време Британецот ги постигна најголемите успеси, победа и олимписко злато во Лондон 2012, како и титулите на Отвореното првенство на САД во 2012 година и на „Вимблдон“ во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top