| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: И покрај 24 декември, Македонија постигна напредок

И покрај настаните од 24 декември, Македонија постигна напредок во реформите кои се во согласност со целите на пристапниот дијалог на високо ниво. Сега е најважно да се формира Анкетната комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември, а партиите да потпишат меморандум за посветеност кон евроинтеграциските процеси.

Ова го порача, меѓу другото, еврокомесарот за проширување Штефан Филе во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции.

Филе рече дека е од суштинско значење Владата да го продолжи дијалогот со новинарите. Ова, според него, е клучен период за земјата пред претстојниот извештај на ЕК.

Во врска со локалните избори, оцени дека тие биле добро организирани, слободни и компетитивни, но има забелешки за користење на државните ресурси во кампањата и за известувањето на медиумите.

Еврокомесарот за прширување Штефан Филе, кој дојде во Скопје заради финализирање на пролетниот извештај на ЕК за Македонија, денеска треба да се сретне со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Во Владата ќе се одржи нова рунда од пристапниот дијалог на високо ниво.

Филе претходно имаше средба и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top