Северина Вучковиќ (43) во бес избришала половина од имињата кои нејзиниот свршеник Игор Којиќ(28) планирал да ги покани на прославата на венчавката која е закажана за 22 ноември, пренесуваат хрватските медиуми.
Двојката првично сакала да угости 500 луѓе во белградски хотел, но се шпекулира дека пејачката на идниот сопруга на веселбата да ги покани другарките од средно училиште.
Наводно Северина е љубоморна на нив и не ги сака блиску до неа. Пејачката не сака на свадбата да присуствуваат ниту подалечните роднини бидејќи стравува дека ќе порачуваат турбо фол песни, што не е во нејзина агенда за овој ден.
Од Лозница, од каде е идниот свекор на Северина Драган Који Кеба (55) нема да дојде ниту еден гостин. Игор не смеел да ги повика ниту првите соседи во родната Лозница кои има ја чуваат куќата, а и тие не се задоволни од оваа одлука.
-Не добивме покани, но нема врска. Не се лутиме – изјавил Цетко Којиќ , бизок роднина на Игор за 24 часа.хр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.