| четврток, 6 декември 2018 |

Ново признаение за Андонова: Голот против Линкопингс прогласен за најдобар во октомври (видео)

natasa andonova

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андова продолжува да реди успеси. Таа со нејзиниот тим Розенгард ја освои шампионската титула во Шведска, а на последниот натпревар против Линкопингс постигна гол со лоб удар. Токму тој гол е прогласен за гол за месец октомври од страна на специјализираната веб-страница за женски фудбал, „Воменс сокер јунајтед“.
За Андонова и за нејзините колешки од Розенгард, сезоната не е завршена бидејќи веќе се пласирани во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде што се фаворити против Бардолино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top