| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесет француски полицајци повредени во судири со eмигранти кај Кале

полиц

Шеснаесет полицајци синоќа беa лесно повредени во судирите меѓу eмигранти и силите на редот во близина на импровизиран камп во реонот на француското пристаниште Кале и на влезот во тунелот под Ла Манш, информираа француските медиуми.

– Синоќа околу 23 часот неколку групи емигранти, што броеја најмногу до 200 лица, се обидоа да го забават, па дури и да го блокираат движењето по пристапната пристанишна улица на патот за Кале – информира портпаролот на префектурата.

Полицијата добила наредба за употреба на солзавец и за растурање на дивеењето на емигрантите, кои врз нив фрлале различни предмети, прецизира изворот.

Шеснаесетте полицајци биле повредени од фрлените камења врз нив.
Околу 6.000 емигранти, кои се дојдени главно од источна Африка, Блискиот Исток и Авганистан, живеат во неподносливи услови во камп од метални контејнери, што се наоѓа на еден час пешки од Кале.

Тие таму чекаат погоден момент за да се префрлат нелегално во Велика Британија, но нелегалното преминување преку тунелот под Ла Манш стана многу тешко откако неодамна пристапот до него беше дополнително обезбеден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top