Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Гостивар. На 13 ноември, во 19 часот, во Домот на културата во Гостивар ќе настапат 20 истакнати поети на ДПМ од различни генерации.
Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Радовиш, Свети Николе, Куманово, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе и општина Илинден, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
Поетскиот караван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија