Себастијан Марокин го опишал Синатра како „подобар дилер на кокаин од што пејач“ во едно интервју за угледен бразилски весник.
Тој кажал дека американскиот пејач, чии врски со мафијата и се добро познати на јавноста, бил еден од бизнис партнерите во Мајами кои соработувале со неговиот татко.
Марокин за угледниот весник кажал:
-Постојат повеќе пејачки од што може и да замислите кои нивните кариери ги остварија благодарение на спонзорство на дрогата. Не постои пишан доказ за тоа, само зборови. Ова го знам бидејќи бев многу близок со мојот татко и неговите партнери секогаш зборуваа за тоа. Можам да ви кажам дека Синатра беше подобар дилер на кокаин од што беше пејач. Тој беше еден од партнерите на мојот татко во Мајами.
Поранешниот Џејсм Бонд, актерот Роџер Мур минатата година тврдеше дека потенцирање на врската на Синатра со мафијата била намерно конструирана и претерана , појаснувајќи дека тоа биле озборувања на непознати посетители кои се фотографираа со пејачот додека тој се подготвувал за настапите.
Меѓутоа, новата биографија на Вуди Ален објавена минатата недела во САД тврди дека Синатра ја прашал мафијата да го убие филмскиот режисер за да му се одмазди за поранешната сопруга Мија Фаров.
Марокин (38) е еден од двете деца на Ескобар. Неговиот татко загина во престрелка на кров во колумбискиот град Меделин во 1993 година откако му се јавил на неговиот син што им овозможи на властите да ја дознаат неговата локација.
Синот на Ескобар кој тогаш имал 17 години, пред да емигрира во Аргентина каде и сега живее, со мајка му и сестрата избегал во Мозамбик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.