Екипата на Детроит можеби ја одигра најдобата четвртина и тоа уште на стартот на оваа сезона. По негативата која ја имаше пред почетокот од последниот период од играта од -13 поени во натпреварот со Портланд, избраниците на Стен Ван Ганди направија неверојатен пресврт добивајќи ја последната четвртина со неверојатни 30 коша разлика (41-11) за конечна победа од 120-103.
Во последниот период експлодираше Реџи Џексон постигнувајќи 26 поени од вкупно 40 на натпреварот што е негов рекорд во кариерата, а блескаше и Андре Драмонд со 29 поени и неверојатни 27 скока.
Детроит славеше во Портланд прв пат од 2007 година, и сега има скор од 5-1, додека Блејзерси се на 4-3. Кај домаќините најефикасен беше Лилард со 26 поени и 11 асистенции.
Кливленд со 29 поени на Леброн Џејмс славеше против Индијана со 101-97, додека Дурант со 32 поени ја водеше Оклахома до победа над Феникс од 124-103.
Во дуелот на два НБА гиганти, кои сега се далеку од нивото на кое играа и опстојуваа во минатото, Њујорк Никс беше подобар од ЛА Лејкерс победувајќи со 99-95.
НБА Резултати: Портланд – Детроит 103-120, Оклахома – Феникс 124-103, Мајами – Торонто 96-76, Њујорк – ЛА Лејкерс 99-95, Кливленд – Индијана 101-97
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)