Наташа Беквалац сподели двосмислен коментар до фотографија која ги подгреа приказните дека убавата русокоса е во блажена состојба.
Таа се потсетила на раѓањето на внукот Гаврило и до фотографијата напишала:„Наскоро ни пристига уште едно момче“.
Наташа минатата година во тајност се венча со Љуба Јовановиќ. Пејачката пред Јовановиќ била во брак со спортистот Данило Икодиновиќ со кој ја има ќерката Хана, а во неколку наврати изјавуваше дека на вториот сопруг сака да му роди син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.