Екипата на Рома попладнево во Рим славеше во градското дерби над Лацио со 2-0 и се искачи на второто место на табелата зад Интер кој истотака во пладневниот термин успеа да слави минимална победа над Торино.
На триумфот „кумуваа“ и судиите, кои доделија пенал за „римската волчица“, иако фаулот беше надвор од шеснаесетникот, но Един Џеко го реализираше за водство од 1-0. Во вториот дел Жервињо го одлучи дербито со вториот погодок.
AS Roma vs Lazio 2-0 All Goals and Highlights… by enteritament
Јувентус славеше со 1-3 на гостувањето кај Емоли. Домаќините први дојдоа во водство преку Макароне, но до крајот на полувремето одговорија Манџукиќ и Евра. Во завршницата Дибала го постави конечниот резултат. Ова беше втора победа по ред за „старата дама“ и се очекува да влезе во серија и да се вмеша во борбата за титулата до крајот на сезоната.
Empoli vs Juventus 1-3 All Goals and Highlights… by enteritament
Резултати 14.коло Серија А: Торино – Интер 0-1, Емполи – Јувентус 1-3, Фросиноне – Џенова 2-2, Палермо – Киево 1-0, Рома – Лацио 2-0, Сасуоло – Карпи 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)