Борусија Дортмунд забележа огромна победа на локалното рурско дерби против Шалке со 3-2, со што „милионерите“ остануваат осамени во ловот на шампионот Баерн Минхен.
Дуелите меѓу „милионерите“ и Шалке отсекогаш изобилувале со возбудувања како и на теренот така и на трибините, а исклучок не беше ниту денешниот дуел кој како и секога изобилуваше со голови. Без оглед на фактот дека домаќините настапија без Марко Ројс, Борусија поведе со голот на Кагава. следеше израмнување со голот на Хунтелар, за Гинтер со прецизен удар со глава повторно да ги донесе домаќините во водство. Обамејанг на самиот почеток од второто полувреме зголеми на 3-1, а конечните 3-2 со својот втор гол ги постави најдобриот стрелец на Шалке, Клас Јан Хунтелар.
Во вториот денешен натпревар Вердер Бремен славеше многу значајна победа на гостински терен кај Аугсбург од 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)