| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се соочува со недостиг од градежни работници, се бара решение

Изминатиов период градежниот сектор  е главен двигател во економскиот развој во земјава со започнатите капитални инвестиции. Градежните активности кои се прават на терен ја  ангажираа цела градежна  работна сила. Градежните компании се соочуваа со недостиг на градежен кадар, бараат работник повеќе. Оттаму велат дека се трудат на сите можни начини недостигот  од градежници  да се надмине. Излезот го гледаат со отворање на Академија за градежни работници при Сојузот каде во соработка со градежната комора би се едуцирале односно доквалификувале  работниците од други струки кои  не се вклучени на пазарот. Обуките за работниците  предвидено е да е траат од  еден до три месеци.

-Предвидуваме  околу три месеци курсеви да бидат тие  и едукација на работници. Едно е да обучиш општ работник, друго е машиниста, багериста да се обучи, тоа опфаќа подолг период.  Во зависност од тоа која квалификација се бара периодот ќе биде измеѓу еден до три месеци, изјави Роберт Хот, претседател на Градежна комора при Сојуз на Стопански комори.
Хот, додава дека и од соседните држави има побарувачка за ангажман на градежни работници од земјава тоа било и  истакнато  на средбите кои ги имала градежната комора. Меѓутоа се додека тука не се завршат градежните активности  не размислуваат за работа на надворешните пазари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top