| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени двајца градежни работници

Двајца градежни работници се повредени откако врз нив се урнал дел од армирана плоча.

gradeznici

 

Настанот се случил претпладнево во индустриската зона Караслари близу Велес, каде се одвиваат градежни работи на објект.

Настанот го потврдуваат од велешката полиција.

Според информациите, двајцата работници се полесно повредени, едниот е задржан на испитувања бидејќи има повреди на рамената, грбот и градниот кош, додека другиот е пуштен дома.

Увид најавува и трудовата инспекција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top