ЖРК Вардар во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите има предност од еден гол (11-12) на гостивањето кај Митјиланд во Данска.
Двете екипи се наоѓаат на врвот на табелата и со евентуална победа ќе ја зацврстат позицијата. Во првото полувреме вардарки иако со многу грешки во нападот пред се благодарејќи на фантастичната Амандин Лејно на голот која успеа за 30 минути да наниже дури 11 одбрани од кои три чисти зицери на противничките од контра напад, дојдоа до предност која многу ќе значи во продолжение од мечот.
Митјиланд ја смени играта од натпреварот во Скопје бидејќи заигра поцврста одбрана што се должи на петте досудени седмерци за Вардар, од кои избраничките на Индира Кастратовиќ реализраа три.
Најефикасна во нападот е Андреа Лекиќ со пет погодоци што се очекува од неа бидејќи е една од најдобрите во составот на црвено-црните.
Во второто полувреме се очекува во нападот да проработат и Андреа Пенезиќ и Јованка Радичевиќ која не дојде да шанса да упети удар на голот на домаќинките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.