| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски за лицето на СДСМ: Не пада снијег да покрије брег, веќ да звјери оставе траг

stevce-jakimovski
Социјалдемократскиот сојуз, по четврти пат, без поддршка на граѓаните, од опозиција влегува во власт. Првпат во 1992 година кога ВМРО- ДПМНЕ имаше освоено најмногу гласови и пратенички мандати, вторпат 1994 година, преку бојкот на опозицијата дојде на власт, третиот пат кога граѓаните на Република Македонија во 2001 година беа преплашени од
војната и сакаа час поскоро да се разреши, и сега – изјави на денешната конференција за печат претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски

Граѓанската опција за Македонија поздравува што конечно, чекор по чекор, почнува да се одмотува клопчето и да се разрешува исконструираната политичка криза во Република Македонија. За жал, Република Македонија за оваа разрешницата плати превисока цена.

Се случи флагрантно газање на Уставот и суспендирање на правниот поредок во државата. Со тоа Македонија дефинитивно не е повеќе правна, туку политичка држава. Граѓаните на Република Македонија денес се сведоци дека со политика може да се суспендира дури и Уставот, истакнаЈакимовски.

Но,оваа разрешница го открива и вистинското лице на опозицијата, рече лидерот на ГРОМ цитирајќи една позната црногорска поговорка: „Не пада снијег да покрије брег, веќ да звјери оставе траг“.

-Се покажа дека целиот циркус не беше за демократијата и за наводна заштита на интересите на граѓаните, како што се удираа во гради, туку напротив, изневерен е граѓански сектор кој и даваше поддршка на опозицијата. Никаде ги нема таканаречените експерти кои во владата ќе работат за интересите на граѓаните. Злоупотребени се чесните намери на
граѓанскиот сектор, а во министерските фотељи ќе седнат исклучиво партиски кадри на СДСМ.

Она што зачудува е изјавата на идниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека тие ќе учествуваат во владата за да ја контролираат власта?! Ова, во најмала рака е несериозно поимање на власта. Значи, тие немаат намера да работат за доброто на граѓаните, туку нивна цел е да бидат кочница на владата, со што ќе продолжат штетите кои ги трпи Македонија. За среќа, разрешницата ќе стаса на изборите на 24 април 2016 година, кога граѓаните ќе ги казнат оние кои работеа на уривање на угледот на Република Македонија и ги изневерија очекувањата на граѓаните, рече на крајот Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top