| четврток, 6 декември 2018 |

Папата го осуди „истекувањето“ доверливи документи од Ватикан

papa_franjo_854693S1

Папата Франциско денеска го осуди „истекувањето“ доверливи документи и наведе дека тоа нема да го одврати од продолжување на реформите во Светиот престол.

– Исто така, сакам да Ви кажам дека овој тажен факт сигурно нема да ме одврати од работата на реформите кои се во тек, со помош на моите соработници и со поддршка на сите вас, рече папата во обраќањето пред десетиците илјади верници на Плоштадот Свети Петар, пренесоа британските медиуми.

Двајца соработници на папата во понеделникот беа уапсени под сомнение дека „ваделе“ доверливи интерни документи кои се дел од реформата на финансиите.

Уапсени се шпанскиот свештеник, монсињор Лусио Анхел Ваљехо Балда (54) и италијанската советничка за односи со јавноста Франческа Чаоуки (33), јавија американските медиуми.

Во медиумските известувања се наведува дека тие се уапсени заради наводно „истекување“ финансиски документи што се дел од обидот на папата Франциско да ги реформира финансиите на Светиот престол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top