Косово и Албанија за неколку недели ќе ги вратат двојните контроли на граничните премини.
– Ова е експлицитно барање до Приштина и Тирана. За враќање во пракса на двојната контрола остануваат уште неколку владини процедури со кои се отвора патот за зголемена полициска контрола, изјави косовскиот министер за евроинтерации Беким Чолаку.
Во излагањето пред парламентарната комисија за евоинтеграции, министерот Чолаку објасни дека Европската комисија побарала враќање на двојната контрола, со цел спречување на меѓуграничниот криминал, но и дека тоа се поврзува и со визната либерализција.
Двојната контрола на граничните премини меѓу двете земји беше укината во јули 2011 година, врз основа на билатералниот договор „едно запирање, една контрола“, кога по поставувањето на системот TIMS, почна процедурата за заедничка контрола на премините Морина-Врмица, Ќаф-Пруш и Ќаф-Морина.
Заедничката контрола влијаше на намалувањето на долгите колони возила на премините, особено за време на летниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации