„Никогаш не правев работи какви што правеше Михаел Шумахер. Јас своите титули ги освоив благодарение на моите возачки способности“, рекол Луис Хамилтон. Оваа спорна изјава со која Британецот го навлече гневот на навивачите, ја пренесе германскиот „express.de“. Инаку Хамилтон одговарал на новинарско прашање дали може да своите титули да ги спореди со оние на Шумахер.
„Луис би требало да го исклучи својот мозок пред да започне за зборува. Мора уште многу да учи за успесите кои ги постигна Шумахер“, рекол Рајнер Ферлинг, претседателот на фан клубот на Шумахер.
Но има на социјалните мрежи има и такви кои застана во одбрана на Хамилтон и потсетуваат дека Шумахер во 1994 година ја славеше својтата титула додека целиот свет тагуваше по Аритон Сена.
Невнимателната изјава на Хамилтон доаѓа во време кога Шумахер неподвижен лежи во својот дом и кога речиси и да нема никакви информации околу неговата здравствена состојба.
Легендарниот Германец, последниот ден од 2013 година имаше скијачка незгода во француските Алпи, шест месеци беше во кома, а од септември се наоѓа во својот дом, каде тим лекари се грижи за него. Некои прогнози се дека тој никогаш повеќе нема да може да оди и да зборува.
Кога зборувал за „работите кои ги правел Шумахер“, Хамилтон најверојатно мислел на намерниот судар со Дејмон Хил во последната трка во сезоната 1994 година, кога Шумахер ја освои титулата и сличниот инцидент три години подоцна со Жак Вилнев, но тогаш не успеа да го исфрли Вилнев од патеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.