| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски во 1999 година: Станувам доброволно член на ВМРО-ДПМНЕ

Станувам член на ВМРО-ДПМНЕ. Ја прифаќам политичката платформа и другите важечки документи усвоени од партијата. Станувам доброволно член на ВМРО-ДПМНЕ и го задржувам своето право да ја напуштам партијата доколку за тоа се појави потреба од било какви причини.
rem500

-Оваа изјава ја потпишала новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ванче Ташевска, сега Ременски на Божик, 07.01.1999 година. Со пополнување на пристапницата во месниот комитет Црквена маала во Крива Паланка тогаш 22 годишната Ременски станала член на ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзините тогашни сопартијци со кои разговаравме на ја паметат најдобро. Велат дека не им оставила посебен впечаток. Немала поголем потенцијал ниту капацитет за посериозни обврски. Тие коментираат и дека заради тоа немала некоја перспектива во партијата. Не и помогнале дури ниту симпатиите кон тогашниот лидер Љубчо Герогиевски кого го поддржувала при тогашните внатрепартиски потреси. Сепак, паметат дека имала една особина која и помогнала, а тоа било менувањето на ставови и страни. Веројатно така и се изборила за позицијата во СДСМ, пишува порталот Пресс24.

Дали тоа е причината поради која лидерот на СДСМ Зоран Заев одлучил да не и го довери Министерството за внатрешни работи и покрај тоа што изминатиов период се наметна како најсериозен кандидат за таа позиција, од партијата нема информации.

Во СДСМ не сакаат да зборуваат многу за партиската кариера на Фросина Ременски.

Таа е еден од ретките високо позиционирани партиски функционери и партиски потпретседатели во чија биографија не стои од кога е член на СДСМ. За разлика од Ременски, во партиската биографија на Дамјан Манчевски стои дека е активен член на СДСМ од 1996 година, а Кирацовски од 2001 година.
part1-500

part3-500

part-500

Познавачите на состојбите во партијата велат дека токму одлуката на Заев да не го стави Дамјан Манчевски меѓу новите министри и заменици е причината Радмила Шеќеринска да не се појави на еден од најважните партиски состаноци оваа година и да замине во Белград бидејќи Дамјан Манчевски е човекот од највисока доверба на заменик претседателката на СДСМ, пишува порталот.

Но Шеќеринска не е единствената која не се согласува со одлуките на Заев. Пресс24 веќе објави за длабоките несогласувања во партијата на седницата на Централниот одбор и внатрепартискиот раздор предизвикан од кадровските решенија на Заев. Опозициската партија се обиде да изманипулира со јавноста објавувајќи видео и фотографии од седницата на Централниот одбор која се одржа пред неколку дена.

На фотографијата може да се види полна сала во која има најмалку 200 партиски активисти, но никој не може да преброи, колкумина од нив се членови на Централниот одбор кој во моментов брои 113 членови. Опозициската партија неколку дена молчи и не излегува со точната бројка, колкумина членови на Централниот одбор „едногласно“ гласале за одлуките на Заев, ниту да објасни зошто една третина од истакнатите партиски членови меѓу кои и Шеќеринска не се појавиле на Бихаќка.
asasa500
За состојбата во СДСМ покрај кадрите од највисокото раководство, зборуваат и експертите но и пратениците кои во Собранието добија столче преку изборната листа на СДСМ.

Пратеничката Солза Грчева не го криеше разочарувањето на социјалните мрежи.
soollllza500
Слични коментари дојдоа и од професорката Билјана Ванковска.
vankovska (1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top