Иако на ниедна од нас не би ѝ пречело некој меструален циклус да изостане, ваквите нерегуларни симптоми не би требало да се игнорираат. Прескокнатиот циклус, намаленото или обилното крварење можат да бидат знаци за некој посериозен проблем. Овие симптоми се знак дека итно треба да посетите гинеколог.
1. Изостанок на менструален циклус
Ако две и повеќе менструации изостанат (а сте сигурни дека не сте бремена), тоа може да биде причина за некои не толку добри работи. Причините можат да бидат хормонален дисбаланс, проблеми со штитната жлезда, претерано вежбање или диета, стрес или прерана менопауза. Без редовна менструација може да дојде до раст на абнормалните клетки (потенцијална состојба пред рак). Освен класичен преглед, вашиот гинеколог би можел да направи тест на крв и да го провери вашето хормонално ниво, работата на штитната жлезда и дали имате полицистични јајници.
2. Ненадејни и интензивни грчеви
Ако имате грчеви кои ви предизвикуваат неподнослива болка, можеби патите од ендометриоза. Ендометриозата е состојба во која клетките кои растат внатре во матката почнуваат да растат и од надворешните страни на матката, што предизвикува ненормална болка. Симптомите можат да се јават било кога, а повеќето жени на кои им е дијагностицирана оваа состојба имаат историја на болни менструации уште од младите денови.
3. Точкасто крварење
Ако забележите точкасто крварење меѓу циклусите, тоа може да биде сосема нормално (особено ако користите антибеби пилули), но сепак би требало да се консултирате со експерт. Тоа може да значи дека имате циста на матката, фиброиди или преканцерозни клетки.
4. Обилно крварење или циклус кој трае повеќе од десет дена
Што е всушност обилно крварење? Ако ја менувате влошката на секој час, тоа може да се нарече прекумерно крварење. Ова може да биде знак за медицински проблеми како фиброиди, полипи или аденомиоза (каде ендометриското ткиво враснува во мускулните ѕидови на матката), кои можат да предизвикаат анемија.
Оваа состојба бара итна интервенција од лекар. Може да биде знак за миом или хиперплазија.
5. Неподносливи симптоми на ПМС
Ако се претворате во вистинско чудовиште, најверојатно патите од предменструално дисфорично пореметување, кое е неспоредливо полошо од класичниот предменструален синдром. Симптомите вклучуваат неконтролирана желба за храна, промени на расположението, депресија, голема анксиозност, бес и губење контрола над сопственото однесување. Овие симптоми можат да бидат многу непријатни, но со земање на антидепресанти две недели или еден месец во континуитет, може да се направи голема разлика.
6. „Полудени“ хормони
Некои нешта во текот на менструацијата можат многу да се влошат. Ако патите од астма и ви се чини дека многу полошо се чувствувате недела дена пред менструацијата, тоа веројатно не е случајност. Постои феномен наречен предменструална магнификација, каде состојбите како дијабетес, депресија и артритис се влошуваат во текот на менструацијата. Разговарајте со својот доктор за лековите кои би требало да ги пиете пред циклусот, а кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.