| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ најдобар против Црвена Звезда, Хендрикс одличен во Уникаха Малага

ANTIC-FENERBAHCE-ZVEZDAФенербахче славеше убедливо над Црвена Звезда во 4.коло од Евролигата сo 60-74, а најдобар поединец во турската екипа беше поранешниот македонски репрезентативец и член на „црвено-белите“, Перо Антиќ.

Според познавачите Антиќ го одигра својот најдобар натпревар сезонава во Евролигата. По 14 поени и 7 скокови, по мечот призна дека не му било лесно да игра против поранешниот клуб.

-Им честитам на домашните за фер и коректната игра и на моите соиграчи за прикажаното. Сите знаете дека е тешко да се игра против тимот кој го сакаш, но јас сум професионалец и драго ми е што го добивме овој меч. Одличниот дочек, кој ми ја отежна работата. Секогаш кога имам време доаѓам да ја гледам Звезда, клубот ми е при срце, уште од детството –изјави Антиќ.

Фенербахче по четири одиграни кола сега со 3 победи и еден пораз се израмни на врвот од табелата во Група А со Химки, а пред Баерн Минхен и Реал Мадрид кои имаат по две победи и два порази.

И вториот македонски претставник во евролигата, натурализираниот репрезентативец Ричард Хендрикс одигра одлична партија за Уникаха Малага. Тој беше предводник со 19 поени и 7 скокови во победата над Динамо Сасари од 80-62.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top