Фенербахче славеше убедливо над Црвена Звезда во 4.коло од Евролигата сo 60-74, а најдобар поединец во турската екипа беше поранешниот македонски репрезентативец и член на „црвено-белите“, Перо Антиќ.
Според познавачите Антиќ го одигра својот најдобар натпревар сезонава во Евролигата. По 14 поени и 7 скокови, по мечот призна дека не му било лесно да игра против поранешниот клуб.
-Им честитам на домашните за фер и коректната игра и на моите соиграчи за прикажаното. Сите знаете дека е тешко да се игра против тимот кој го сакаш, но јас сум професионалец и драго ми е што го добивме овој меч. Одличниот дочек, кој ми ја отежна работата. Секогаш кога имам време доаѓам да ја гледам Звезда, клубот ми е при срце, уште од детството –изјави Антиќ.
Фенербахче по четири одиграни кола сега со 3 победи и еден пораз се израмни на врвот од табелата во Група А со Химки, а пред Баерн Минхен и Реал Мадрид кои имаат по две победи и два порази.
И вториот македонски претставник во евролигата, натурализираниот репрезентативец Ричард Хендрикс одигра одлична партија за Уникаха Малага. Тој беше предводник со 19 поени и 7 скокови во победата над Динамо Сасари од 80-62.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.