| четврток, 6 декември 2018 |

Дизајнерот на Фолксваген се пензионира

wheels-Leica-M9-Titanium-Walter-deSilva-blogSpanШефот на одделот за дизајни во Фолксваген, Валтер де Силва оди во пензија, откако во текот на кариерата ги има дизајнирано некои од најпопуларните модели на Фолксваген.

Фолксваген соопшти дека Валтер де Силва (64), по пензионирањето на крајот од ноември ќе остане во компанијата како советник. Де Силва работил на дизајнот на неодамнешните модели на Голф, како и на Ауди А5 купе. Роден е во Италија, а исто така ги дизајнирал и Алфа 156 додека работел за Алфа Ромео во 90-тите.

Директорот на Фолксваген Матијас Милер посебно ги истакнал креативноста и италијанскиот осет за убавина и стил на Де Силва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top