| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолксваген” мамел и на бензинските пумпи!

„Фолксваген“ во Европа продал 800.000 возила што трошат повеќе гориво отколку што се тврди од страна на нивните производители, испуштајќи многу повеќе смртоносен јаглероден диоксид отколку што е дозволено. Во меѓувреме, преку Атлантикот, од 10.000 продадени џипови и луксузни автомобили на германската фабрика, одредени покажале сомнителни резултати при тестирањето на „нокс“ издувни гасови. Овие две измами на „Фолксваген“ – од кои првата сам ја призна, а другата е откриена од страна на Американската агенција за заштита на животната средина, избришале вчера 4.000.000.000 евра од акциите на компанијата – која во средината на септември, падна во најголемата криза во својата 78-годишна историја како предводник на германската индустрија.

Официјално, „Фолксваген“ во вторникот навечер – по затворањето на германската берза – за првпат објави дека при утврдувањето на нивото на јаглероден диоксид открија „нова недоследност“, со која се опфатени околу 800.000 возила, најчесто со дизел-мотор.
Производителот од Фрајбург веднаш потоа најави дека ќе стави 2.000.000.000 евра настрана за амортизација на очекуваните штети, поради овие „недоследности“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top