Откриени се нови неправилности во производството на автомобили од германскиот концерн „Фолксваген“, објави доцна синоќа портпаролот на фирмата.
Концернот призна дека манипулирале со податоци за вредностите на штетни гасови од сите модели од серијата „Блу моушн“, која беше рекламирана дека ги запазува највисоките еколошки норми.
Овој пат погодени се и бензинските мотори.
Во последниот скандал не станува збор за манипулација на софтвер, туку за вештачки барања за почитување на еко-нормите, на тој начин барањата биле покриени од речиси сите модели на „Фолксваген“.
Реално, нормите за дозволено исфрлување на јаглерод диоксид се многу построги. Поради зголеменото исфрлање на штетниот гас, автомобилите трошат и многу повеќе бензин, отколку што се тврди од концернот.
Според истрагата, што се врши од самата фирма, од новите откритија се погодени најмалку 800.000 возила, претежно со бензински мотори.
Станува збор за моделите „поло“, „голф“ и „пасат“ на „Фолксваген“, А1 и А3 на „Ауди“, „октавија“ на „Шкода“ и „леон“ и „ибица“ на „Сеат“ .
Ова може да ја чини компанијата штета од дополнителни 2 милијарди евра.
По откритијата направени синоќа, акциите на концернот паднаа за цели 8 проценти.
Во септември, „Фолксваген“ призна дека во дизел моторите има инсталирано софтвер кој вештачки ги намалува податоците за исфрлени штетни гасови, претежно азотен оксид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се повеќе докази за изборниот фалсификат: Дошол на избирачкото место во Прилеп, некој веќе гласал за него, а потписот не е негов
-
Повредата на избирачкото право ќе може да се пријави телефонски кај народниот правобранител
-
Откриени се нови антибиотици
-
„Фолксваген“ ги прекршил правата на потрошувачите во 20 земји-членки на ЕУ