| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците ќе ги враќаат од Германија

thomas-de-mezieresГерманскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер побара од Тирана Албанците да не аплицираат за политички азил во германија бидејќи ќе бидат одбиени.

Тој изрази загриженост заради фактот дека 50.000 Албанци барале азил во Германија, односно според бројноста веднаш зад сириските бегалци. Де Мезиер додаде дека тие барања ќе бидат одбиени по итна постапка која трае три недели бидејќи албанија е на листата „безбедни држави“

– Нема причина Албанците да бараат азил. Нивната држава е демократска- посочи германскиот министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top