Местото на Спасовски не му е во МВР, е пораката од припадниците на специјалните полициски сили. Предлогот Оливер Спасовски за функцијата министер во МВР предизвика револт кај нив. За него, додаваат нема место во МВР, а особено не како прв човек на полицијата
Револтот кај нив кон Спасовски се темели по случувањата во кумановско Диво Насеље на 9-ти мај. Високиот партиски функционер на СДСМ наместо да ги посети полициските службеници кои беа повредени во акцијата, а лекарите се бореа да ги спасат нивните животи, тој заедно со неговиот лидер Зоран Заев ден по случувањата заминаа во кумановската населба да се сликаат со жителите.
Револтирано, полициските специјалци прашуваат како е можно човек кој ниту еднаш не дал поддршка за акцијата насочена кон неутрализирање на терористичките структури во Македонија, ниту ги посети повредените полицајци, да биде шеф на македонската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?