| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо откри што му шепна на Блан (видео)

kristijano ronaldo

Во вторникот се одигра дерби дуелот во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид го победи ПСЖ со 1-0, а по натпреварот се случи интересна ситуација.
Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се поздрави со тренерот на ПСЖ Лорен Блан и се обиде да му шепне нешто.
Како што пренесува францускиот дневен весник „Л’паризиен“ Роналдо му соопштил на Блан дека сака да работи со него, а португалецот изразил и желба да се пресели во ПСЖ следното лето.
Роналдо веќе подолго време се поврзува со трансфер во богатиот париски клуб, но сите обиди на сопствениците и нивните понуди до Реал Мадрид веднаш биле одбиени.

Медиумите во Франција истакнуваат дека токму Роналдо ќе најскапиот фудбалер од следното лето кога ќе се оствари трансферот во ПСЖ. Како и да е, Лорен Блан со сите сили ќе се обиде да го доведе најдобриот фудбалер во светот во редовите на „светците“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top