| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски по стапките на својот лидер: Лажеше дека Министерот треба да биде експерт, на тоа место дојде токму тој – генералниот секретaр на СДСМ (видео)

zaev-bomba-7

Иако опозиционата СДСМ цело време посочуваше дека на местото министер за внатрешни работи ќе дојде експерт и лице од струката, во фотелја ќе седне партискиот генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Да биде иронијата поголема, самиот Спасовски пред неколку дена изјавуваше дека министер ќе биде експерт и лице од струката.

-Министерот за внатрешни работи треба да биде експерт, личност која од струката и кој ќе има доверба од политичките субјекти, на тоа и ние сме се согласиле и нема дилема околу тоа прашање, истакна Спасовски за време на гостувањето во една емисија пред само четири дена.

На 29-ти октомври годинава пред седиштето на својата партија тој дури и обвини дека Владата се плаши од независен министер.

-Не е усогласен законот за Влада заради тоа што уште еднаш покажуваат страв од избор на независен министер за внатрешни работи, како и избор на дополнителни заменици министри и министер во труд и социјала.

Дали Спасовски сакал јавноста да ја доведе во заблуда со лажни изјави?! Тој покажа дека ја следи праксата на својот лидер Зоран Заев. По завршување на преговорите, Заев истакна дека Спасовски е новиот министер за ватрешни работи.

Побарав согласност од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, согласноста ја добивме, нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, изјави синоќа Заев.

Спасовски е поранешен секретар на општина Куманово и инволвиран во сите матни тендери во општината, обвинуваа многу пати досега од владејачката партија.

Со години истиот Оливер Спасовски се појавуваше позади Зоран Дамјановски Циц и учествуваше во упропастувањето на Куманово, каде СДСМ зад себе да не остави ниту еден единствен проект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top