| четврток, 6 декември 2018 |

Најблиските тврдат: Се работи за класично убиство со умисла

Дежурниот доктор за обдукција од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, според првичните сознанија, утврдил дека радовишанецот, кој вчера беше пронајден мртов, починал од насилна смрт.

Најблиските, кои вчера го погребаа 26-годишниот Јашар Р., тврдат дека тој бил убиен со тврд предмет на монструмски начин бидејки по неговото тело имало видливи повреди, јавува дописникот на „Вест“ од Радовиш.

– Се работи за класично убиство со умисла. Влегол во куќата и со тврд предмет го убил. Убиецот потоа го заклучил во собата и заминал. По телото имаше видливи повреди. Смртта е насилна, а не како што кажаа одредени медиуми, од љубовна драма. Бараме да се пронајде убиецот – кажаа неговите најблиски.

Безживотното тело на Јашар било пронајдено вчера околу 14 часот, од страна на газдата на куќата на ул.„Обрад Цицмил“, во која тој бил потстанар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top