| четврток, 6 декември 2018 |

За Геро утеха нема, Геро опушти се!

gero

Изборите се ближат, нервозите растат. „Република“ денеска ја пренесе изјавата на македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дадена по синоќешната средба во Клубот на пратеници кога беше постигнат договор избори да има на 24 април. Веста објавена на порталот воопшто не беше ниту коментар на редакцијата, ниту некаква анализа, туку пренесена изјава на Груевски, онака како што ја пренесоа сите медиуми – па дури и оние кои се блиски до СДСМ. Но порталот на Бранко Героски, „Плусинфо“ во веста најде некаква намера за утеха на некакви партиски кадри. Како тоа тој го препозна во веста објавена на „Република“, а како не го препозна во истата информација, односно изјава на премиерот пренесена од страна на „Фокус“, медиум близок до СДСМ, поддржан од СОРОС, веројатно знае само тој. Или и „Фокус“ ги теши партиските кадри во МВР?

„Република“ ги пренесе изјавите, Героски пронајде некаква намера за утеха… Односно ја покажа нервозата кај првите пера на СДСМ и Сорос по одлуката избори дефинитивно да има. Намерата на СДСМ да се одложат изборите заврши неуспешно и покрај жестоката кавгата за време на преговорите помеѓу припадниците на радикалното крило на СДСМ блиско до СОРОС кое по секоја цена инсистирало на конфликт за да се избегне изборно соочување поради свесноста за нискиот рејтинг на Заев и СДСМ.

Ова влева нервоза и очај кај перата на СДСМ. Неровозата во СДСМ ја призна и самиот Геро, едно од најистурените пера на опозицијата. Тој во својата последна колумна напиша дека постои раздор и кавги во СДСМ, а кавгите ги поттикнуваат и некои луѓе од Бихаќка, во страв од амбициозните аутсајдери, кои постојано се закануваат со некаков преврат. А од што се плашиш ти Геро? Кои кадри ти ги тешиш?! Зошто толкава нервоза кај тебе поради една обична вест, во која нема ништо друго, освен пренесена изјава на премиерот?!

Или можеби сам си ја кажа причината за твојата нервоза кога напиша:

-Уште повеќе не ми се допаѓа оваа неодлучност во опозицијата, додека нивните медиумски куртони на сет глас вреват дека Груевски само што не паднал. А најтрагично е курчењето на оние смешни човечиња кои немаат капацитет да соберат сто луѓе на плоштад, а се курчат како од нивните испрдоци на социјалните мрежи да зависи судбината на земјата. Страшно.

Епа Геро, не е наша вина неодлучноста на опозицијата. Си ја згрешил адресата, време е да ја корегираш и да ја внесеш вистинската адреса – „Павелшатева“!

Затоа Геро, опушти се!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top