| четврток, 6 декември 2018 |

Екслузивно: Јохан Тарчуловски неделава ќе биде со семејството

Од извори во Хашкиот трибунал за воени злосторства во Поранешна Југославија, „Република“ екслузивно дознава дека Јохан Тарчуловски, обвинет за наводни воени злосторства во скопското село Љуботен, за неколку дена ќе се врати во Македонија.

Судот во Хаг го  прифатил барањето на одбраната на Тарчуловски, по што во текот на денот се одвива писмена комуникација со германските власти кои треба да го пуштат македонскиот бранител.

Одлуката за пуштањето на Тарчуловски  е официјална, а оптимистичките сценарија велат дека Tарчуловски уште в среда  претпладне би може да биде со своето семејство во Скопје.

Според судијата Теодор Мерон, Тарчуловски треба да биде пуштен веднаш и затоа тој дал налог на судските институции во Хаг да им наложат на Германските власти одлуката да ја спроведат веднаш.

Претходно затворската управа во германскиот затвор во Диц и во затворот Шевенинген потврдиле дека Тарчуловски за време на одлежувањето на казната се однесувал примерно, со што ги исполнил сите предуслови за предвремено пуштање.

Јохан Тарчуловски беше осуден за наводни воени злосторства во 2001 година, по што беше осуден со казна затвор од 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top