| четврток, 6 декември 2018 |

Чикаго победи благодарение на Роуз, Шарлот славеше по 11 години во Далас (видео)

derik rouz

Одлична игра на Дерик Роуз во синоќешниот натпревар на Чикаго против Оклахома. Бекот на „биковите“ по се погласните шпекулации дека по оваа сезона ќе го напушти Чикаго одигра најдобар натпревар оваа сезона по долгите паузи и честите повреди во изминатите три години. Тој постигна 29 поени во победата на Чикаго од 104-98.
Дерик Роук постигна десет поени во последните три минути од натпреварот, вклучувајќи и два шута со кои беше одлучен победникот. Покрај 29 поени, запиша и пет скока и седум асистенции, додека Џими Батлер мечот го заврши со 20 поени, а По Гасол дополни со 11 поени и 10 скока.
Првата ѕвезда на Оклахома Кевин Дурант иако постигна 33 поени, мораше со наведната глава и нов пораз да го напушти паркетот. Солидна партија пружи и Расел Вестбрук на кого му фалеа два скока за нов трип-дабл во кариерата (20 поени, десет асистенции и осум скока).

Играч на вечерта, сепак беше Ал Џеферсон кој во втората едноподруго победа на Шарлот забележа 31 поен и 9 скока, а тоа е нивна прва победа во Далас од сезоната 2004/2005.

Расположен беше и Марвин Вилијамс со 17 поени и 12 скока, додека кај Далас Маверикс предводеше Дерон Вилијамс со 15 поени, додека Новицки, Пачулија и Пауел завршија со по 14 поени.

НБА Резултати: Портланд – Мемфис 115-96, Далас – Шарлот 94-108, Денвер – Јута 84-96, Минесота – Мајами 84-96, Чикаго – Оклахома 104-98

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top