| четврток, 6 декември 2018 |

Шал од свила за студените есенски денови

Марамите може да бидат гламурозни или софистицирани, автентични или помалку впечатливи модни додатоци

Свилените марами и ешарпи се важен дел од модните додатоци како што е накитот или женската чанта, кои придонесуваат за конечниот моден впечаток. Марамите може да бидат гламурозни или софистицирани, автентични или помалку впечатливи модни додатоци. На модната сцена тие се присутни долго време и еволуиррале од мало, практично парче ткаенина, до скап, квалитетен и ценет моден додаток.

Во древниот Египет марамите се сметале за статусен симбол и нив ги носеле само кралевите и племството, а во стара Кина биле дел од воена униформа. Во Средна Европа, во 17. век малите триаголни парчиња ткаенина кои се носеле околу вратот, исто така, биле дел од воената униформа. Модните детали ги присвоиле Французите, а потоа во 19. век и Англичаните, а марамата почнале да  ја носат припадниците на двата пола и на припадниците сите сталежи. На оваа мода реагирале индустријалците и првите производители на свилени марами и ешарпи се појавиле во 19. век.

1403106_497093107064337_8220351_o

Омилен моден додаток

Шалот е моден додаток кој жените обожаваат да го носат во текот на целата есен, па сè до крајот на пролетта. Никогаш не излегува од мода и на секоја модна комбинација ѝ дава посебен шмек.

Мал, голем, шарен, тенок, дебел, еднобоен, со дезен, каков било шал да одберете, нема да згрешите оваа есен.

esarpe-glavna

Во тренд се марами со впечатливи детали

Секоја сезона доаѓаат нови трендови, а оваа есен сигурно ќе остане запаметена по многуте впечатливи детали. И тоа не само поради бојата, туку и поради димензијата, бидејќи најмногу модни додатоци доаѓаат во „Л“ величина. Така, во самиот врв на оваа сезона се најдоа огромните шалови и марами кои речиси потсетуваат на ќебе.

Дамите ги сакаат затоа што се идеални за оваа доба од годината, кога е препорачливо потопло облекување. Освен што добро греат, шаловите можете да ги носите и да ги врзете на разни начини и со нив секогаш да изгледате посебно. Овие модели ѝ даваат шик нота на целокупниот изглед, а предност е тоа што одлично се вклопуваат со капути, јакни, тоалети или џинс.

Кога е во прашање изборот на големи шалови, секогаш водете сметка и за боите. Ако сте обожавател на лежерното облекување, тогаш тоа може да бидат модели во силни тонови или прошарани со впечатливи мотиви. Сепак, стилистите ги советуваат дамите што сакаат префинета и елегантна комбинација, да носат шалови во неутрални и дискретни бои.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top