48-годишна жена починала, откако шалот и косата и се заплеткале во ескалатор на метро станица во источниот дел на Монтреал, соопшти “Монреал Газет”. Очевидец ја нашол жената како лежи во основата на ескалаторот на метро станица “Фабер” околу 09:15 часот. Тој ги алармирал транзитните работници и тие се јавиле во полиција. Кога пристигнала првата помош, жената веќе била мртва.
-Шалот на жената се заклештил меѓу запците на ескалаторот, таа се наведнала да го извади, но оттаму и косата и се закачила, велат од полицијата.
Очевидец за „Си Би Ес“ изјавил дека видел како двајца се обиделе да и помогнат на 48-годишната жена, која лежела на земјата на грб во безсознание до скалите што се движат. По неговото кажување жената сеуште дишела, но тешко. Но пред да стигнат лекари и пожарникари на местото на инцидентот, жената добила срцев удар и починала. На медицинската екипа не им останало ништо друго, освен да констатираат смрт на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.