„Сребреница ја продадоа, Сребреница ја напуштија, Сребреница ја предадоа, Сребреница ја жртвуваа, Сребреница ја скршија“, пишува во својата нова книга новинарката и поранешна портпаролка на обвинителството на Хашкиот трибунал, Флоранс Артман, под име „Крвта на реалполитиката: Афера Сребреница“, која вчера е претставена во Сараево.
Книгата се занимава со западните сили во геноцидот, односно за дипломатските игри и тајниот договор на САД, Велика Британија и Франција поради што Сребреница во јули 1995 година „остана беспомошна во канџите на српската војска“.
Артман открива информации за досега неоткриени виши интереси на западните земји „кои ги поттикнале да го препуштат населението осудено на смрт на неговите крвници“.
Поранешната портпаролка тврди дека нејзината книга содржи „несоборливи докази“ дека три западни велесили со договорот и желбата на своите дипломати за што побрзо да се договори мир, ја жртвувале Сребреница и ја оставиле на српската војска.
Како што истакнува, клучниот состанок се случил на крајот на мај кога Бил Клинтон, Жак Ширак и Џон Мејџор се договориле да ги сопрат воздушните напади на НАТО одземајќи ги овластувањата на странските команданти.
– Иако договорот е направен кога силите на Младиќ како заложници држеле неколку војници на ОН, одлуката не била променета се до падот на Сребреница. Тоа е нешто што Западот секогаш го негирал и постојано испраќа деманти кога би се објавила таква информација – тврди Артман.
Таа исто така вели дека не станува збор за заговор, туку за приказна како од добри намери доаѓање до стравични одлуки. Повторила дека мирот во БиХ е заснован на геноцидот во Сребреница и оценила дека наместо крокодилски солзи и неискрени говори на странските дипломати, подобро би било да се соочат со вистината и да признаат, затоа што и од тоа се извлекува поука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Холандија бара поништување на пресудата за Сребреница
-
Пресуда на Хаг: Холандија делумно виновна за смртта на муслиманите во Сребреница
-
Холандски војници ќе ја тужат државата затоа што ги пратила во Сребреница
-
По ослободителната пресуда на Шешељ, радикалите со часови кружеле низ Сребреница извикувајќи: Пак ќе ве колеме! (видео)