Пратениците во парламентот на Малдиви со големо мнозинство го разрешиле потпретседателот на земјата, против кого ќе биде поднесено обвинение за тероризам поради заговор за убиство на претседателот.
Ахмед Адиб е уапсен поради сомневање дека планирал убиство на претседателот Абдул Јамин во експлозија на неговата јахта што се случи на 28 септември. Против него е поднесено обвинение за предавство.
Во инцидентот се повредени неговата сопруга и уште две лица, а шефот на државата остана неповреден.
За предлогот за разрешување на потпретседателот никој не гласал против, додека членовите на опозициската партија биле воздржани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.