| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашата цел е постигната – го бетониравме датумот на изборите (видео)

sdsm-vmro1Целта на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е постигната, смета премиерот Никола Груевски. Тој по средбата која заврши доцна вечерва посочи дека датумот на избори е бетониран и ќе се одржат на 24 април.

Премиерот рече дека СДСМ направиле обиди изборите да бидат одложени но тие останале без успех, со што, пропадна обидот на опозицијата да побегне од соочувањето со граѓаните.

„Сакам да кажам дека вечерва заврши успешно. Состанокот што го имавме меѓу четирите партии заврши успешно, јас сум многу задоволен од она што го договоривме. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори. СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен. Ние тоа не го дозволивме. Инсистиравме да остане 24 април и успеавме во тоа.“ – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top